Изведба на детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“

Македонската опера и балет продолжува со практиката за музичка едукација на најмладата популација. Во недела 06.03.2016 година, со почеток во 12 часот, ќе биде изведена детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“. Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Во нејзе, преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања:

 

Дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос?

Што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже?

Зошто Кралицата на Ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него, за возврат?

Што добиваат Тамино и Папагено, од Памина и Папагена и што на крајот победува?

 

Цената на билетот изнесува 150 денари

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.