Викендов-дванаесетто издание на „Ракатки“

На 15 и 16 април 2016 година во Скопје ќе се одржи дванаесеттото издание на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“.

Фестивалската вечер ќе се одржи на 15 април во 18.00 часот во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“.

По свеченото отворање ќе настапат триесетте избрани и наградени ученици-млади литературни творци  од Струга, Скопје, Штип, Лозово, Радовиш, Свети Николе, Куманово, Виница, Охрид, Струмица,  Богомила, Обршани, Доброште, Ропотово, Чешиново-Облешево и Кочани.

На настанот ќе им бидат врачени наградите и дипломите на учесниците и нивните ментори, а потоа ќе следи настап на неколку македонски писатели за деца како и музичка програма од млади музичари.  Во програмата ќе учествуваат писателите Цане Андреевски, Борче Апостолов, Велко Неделковски, Наум Попески и Алекдандар Кујунџиски.

На 16 април пак,  учесниците ќе одржат средба со писателите за деца во Друштвото на писатели на Македонија, и ќе ги рагледаат знаменитостите на Скопје, a ќе имаат можност  факултативно да го посетат Меѓународниот саем на книгата.

Организатор на фестивалот е Фестивалскиот одбор при Домот на просветните работници-Скопје.

Претседател на Фестивалскиот одбор е писателката Славка Арсова, а водител на фестивалската вечер ќе биде  поетот Филип Димкоски.

На ,,Ракатки“-2016 се поканети сите што сакаат да слушнат искрен и топол збор- плод на бујната детска мечта.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.