Македонска опера и балет ви претставува ,,Црвената Соба”

Македонската опера и балет има чест да Ве извести дека по повод Светскиот ден на Танцот (29 април), во СРЕДА, 27 АПРИЛ со почеток во 20 часот, ќe ја изведе ПРЕМИЕРАТА на балетска претстава „Црвената соба“.

„Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот  што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“. Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен. Сценограф е Марија Ветероска, додека костимограф, Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров.

Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ: Александра Мијалкова, Васил Чичиjашвили,  Мими Поп Алексова Атанасовска,  Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Ангела Велевска, Илијана Данилов и Диљана Јанева.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.