Го љубам мојот живот

Како кула од карти,со секој изминат ден редиме по една карта,дека сме здрави и среќни што уште еден ден благодарение на тебе го живееме нашиот живот,впрочем секој од нас се труди таа кула од карти да не се расутри туку така … многумина од нас успеваат во тоа љубејќи го животот …  или како песочниот часовник  со секоја  измината секунда ја помрднува стрелката напред,за нас  луѓето дека ќе ти се порадуваме на тебе мој животе уште еден ден,или како секое утро што чекаме Сонце да ни подари на нашите прозорци,да не разбуди таа прекрасна сончева светлина од нашите кревети за да ни каже дека дошол нов ден кој треба да го живееме за нас луѓето и да ни измами милион насмевки на нашето лице.

Всушност животот го гледам како една сапуница,и така додека од сапуницата излегуваат милион мали меурчиња со секој поминат ден,ние одиме напред и храбро чекориме во сите наши битки и порази,но се е тоа каков – таков живот,најважно е да го љубиме и никогаш да не се предаваме,бидејќи животот е еден и единствен и нема репризи,денешниот ден што помине нема  утре да ни се врати,да учиме од нашите грешки во животот во иднина помалку или воопшто да не ги повторуваме,бидејќи само така и на тој начин ќе успееме да го живееме нашиот живот,како велат – човекот се учи од сопствените грешки,така и ние од тебе мој животе ги учиме нашите грешки и лекции се додека сме живи.

Знај само едно мој животе,слушни ме најубаво што ќе ти кажам – сега,во овој момент и засекогаш ќе те љубам,ма каков и да го живеам јас мојот живот,тоа е најмалку или воопшто не важно,бидејќи според мене љубовта нема и не познава граници,туку само се дава и подарува од дното на срцето и душата,таква една искрена љубов јас тебе мој драг животе секој ден ти подарувам,ти ветувам дека додека сум жива ќе ти подарувам бидејќи  знај и запомни – ТЕ ЉУБАМ МОЈ ЖИВОТЕ.

Од Алексовска Наташа – Малечка

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.