Поетесата Љерка Тот Наумова добитничка на наградата „Даница Ручигај“ за 2016 година

На 25 мај во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија на свечен начин ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај“ за најдобра стихозбирка на авторка членка на македонската писателска асоцијација.

Добитничка на наградата „Даница Ручигај“ за 2016 година е поетесата Љерка Тот Наумова за стихозбирката „Зародиш на повикување“, објавена во издание на „Бата прес“ од Скопје.

За време на врачувањето на ова признание, во ДПМ ќе биде прикажан документарен филм за Даница Ручигај, во продукција на Македонската радио-телевизија. Автор на филмот, со наслов „Соновите не заспиваат“, е Катица Трајковска Абјаниќ, а режисер Мишо Рогановиќ.

Програмата ќе ја води Александра Велинова.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.