„Кроудфандинг“ со Лука Пишкорич од Словенија

Како завршница на проектот „Скопје Креатива“ ќе се одджи петтото издание на Фестивалот, под слоганот Поврзи ме со креативност –Hub Me Creativity, кој  ќе трае три дена, во период од 9ти до11ти јуни 2016 на локација на стариот аква парк – Плаја Виста, Скопје.

Како консултант на повеќе кроудфандинг кампањи, Лука Пишкорич од Словенија ќе има своја бесплатна работилница „Кроудфандинг“ наменета за младите иноватори и креативни професионалци за да ги развијат своите проекти во успешни стартапи и да се стекнат со глобална публика. „Работилницата ќе се фокусира на тоа што го научивме при подготовките на успешните кроудфандинг кампањи и им помага на учесниците да направат ултимативна листа на работи кои мора да се направат за нивните потенцијални кроудфандинг проекти.“ Повеќе информации за работилницата и начин на апликација на линкот тука.

Лука Пушкорич е со-основач на Словенечката колаборативна иницијатива и е одговорен директор на Креативниот центар Полигон, автономна колаборативна платформа за потпомагање на млади професионалци, комуни и стартапс кои делуваат во доменот на креативните економии, социјалниот бизнис и култура. Тој исто така е со-основач на Словенечката здружена иницијатива и стратешки консултант на повеќе кроудфандинг кампањи, кои ги преобратуваат младите креативци и иноватори во успешни стартапс.

Фестивалот „Скопје креатива-2016“ е во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ – Скопје, а под покровителство  на Град Скопје. Повеќе информации за Фестивалот и програмата на слендиов линк.

За посети на презентациите и работилниците потребно е да бидете регистрирате на „Скопје Креатива 2016“. Повеќе информации околу начинот на апликација како и информации за самите предавачи и работилници  ќе можете да најдете на следниов линк. Посетите на презентациите и работилниците се бесплатни.

dare

dare

Уредник на муабет.мк