Светскиот ден на музиката со Уличните музичари на Градот Скопје

На денот на почеток на летото и светскиот ден на музиката, денеска започнува Скопско лето, со свечено отварање, гала оперски концерт со солистите и оркестарот на Македонска опера и балет, вечерва во 21часот пред платото на МОБ.  Во подршка на светскиот ден на музиката и во рамките на скопско лето вечерва плоштадите во главниот град ќе заживеат во една нова поинаква димензија со присуството на Улични музичари во централното подрачје на градот.

Проектот улични музичари и артисти се одржува по шести пат, е започнат минатиот месец, во мај, и ќе трае се до крајот на годината. Истиот го организира и е во реализација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“- Скопје, а е под покровителство на Град Скопје. Во проектот ќе соработуваат и учествуваат национални установи на Р.Македонија, културни институции на Град Скопје, средните и основните училишта од Скопје. Програмата е наменета за граѓаните, туристите, минувачите и посетителите на градот во предстојниот летен и есенски период.  Проектот овозможува, заживување на нова интердисциплинарност и уметничка интегрираност во духот на градот Скопје, како и стимулирање на непосредна граѓанска комуникација во пријатно расположение. Проектот се реализира во соработка со музички групи од сите генерации и различна содржина, кои изведуваат жанровска и стилска разновидна музика, од хип хоп, дџ сесии на електронска амбиентална музика до современа алтернативна,  поп и рок музика.

Вечерва, после 19часот Плоштадот „Македонија“ и Плоштадот „Филип втори“ ќе продуцираат поинаква медодија на градот и ќе наликуваат на плоштадите од светските метрополи. Ќе настапуваат 12 изведувачи, во најразличен состав, групи и соло изведувачи на акустична гитара, хармоника, виолина, труба и казу. Во некои делови од плоштадите ќе одекнат и вокалните изведби на скопските улични артисти.

Улични музичари и артисти го будат духот на урбаното Скопје.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.