Концерт на ансамбл „Македонија

„Ансамблот Македонија“ репрезент на традиционалната македонска песна и оро, кој работи со најдобрите студенти од Одделот за етнокореологија при Факултет за музичка уметност од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и со ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од насоката за традиционална музика и игра – Скопје, во рамките на програмата на Скопско лето ќе одржи концерт вечерва со почеток во 21 часот на Плоштадот „Карпошово востание“.

Од богатиот репертоар на овој Ансамбл кој ги опфаќа и обработува сите играорни подрачја на Македонија, југозападно, јужно, источно и северно играорно подрачје, публиката вечерва ќе има прилика да ужива во дел од нивниот опус.  Програмата која е предвидена за вечерва:

-Остана постана (Ора и песни при изведба на жетва, од пределот Скопска Блатија)

-Кучково пее(традиционални песни од пределот Скопски Дервен)

-Лазарици (обредни женски поворки од пределот Славиште)

-Мелница (традиционални песни од село Мелница – Азот) ШТИПСКИ КРСТАЧ (машко оро од пределот Овче Поле)

-Огражден (ороводни песни од пределот Огражден)

-Шупелково (инструментална изведба од пределот Которија)

-Ајде зајди, зајди (ора и песни од пределот Овче Поле)

-Ораовички собир (ора и песни од Радовишко Поле и Радовишки Шоплук

Скопско лето, е манифестација која под 37 пат се одржува во гланиот град во организација на Дирекција за култура и уметност, под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура. ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“-Скопје, оваа година се јавува како организациски помагател на оваа манифестација.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.