Meѓународна награда во Бугарија за младиот поет Филип Димкоски

Младиот поет Филип Димкоски е добитник на третата  награда на Меѓународниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. На ова 17 издание Димкоски е награден за циклусот песни „Небоглед  до недоглед“. Тој на истиот фестивал настапи и во 2012 година кога ја понесе наградата за најталентиран млад учесник.

За наградите одлучи тричлено меѓународно жири, а на фестивалот учестуваа поети од Македонија, Србија, Бугарија и Република Српска.

Учесник од Македонија беше и поетот Никола Сарајлија кој имаше претсавување на своето творештво, за кое зборуваше неговиот македонски колега Иван Котев.

Инаку,  ова е шесто меѓународно признание за Филип Димкоски, по едното принзание од Македонија, двете од Србија и двете од Бугарија. Досега објавил две поетски збирки. Втората неодамна беше објавена на срспки и промовирана во Србија.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.