Група “Duo Voice”

„Улични музичари и артисти„ е проект кој со задоволство и радост на скопската публика продолжува да ги исполнува градските плоштади и ова лето. Проектот опфаќа многубројни интересни содржини, креативни индивидуи, талентирани млади луѓе кои својата енергија ја инкорпорираат во духот на нашиот главен град. Дел од учесниците оваа година се “Duo Voice”, составена од Денис Димоски и Дино Хриџиќ, студенти на Факултетот за музичка уметност.  Нивната дружба започнува на снимањето на мјузиклот „Fiddler on the roof” каде и двајцата имаат главни улоги, а од таму ѝ идејата да направат група и почнат со снимање на кавери на познати песни. Подоцна снимаат кавер на песната „Hello“, за кој собраа многу позитивни критики линк.

„За нас представува задоволство што сме дел од овој проект затоа што и двајцата многу ја сакаме музиката. Убаво се чуствуваме кога нашата емоција и енергија преку нашата музика им ја пренесуваме на другите луѓе кои не слушаат. Често пати се случило да се соберат околу нас редица луѓе, да снимаат со нивните телефони, да пеат заедно со нас, па дури имало и такви кои знаеле да заиграат. Задоволството е навистина големо кога знаеме дека нашата енергија сме ја пренеле на посетителите и тие уживаат заедно со нас во нашиот перформанс.“- раскажува Денис. Тој е роден во Прилеп, а пее од негова седма година. Како музички талент често го нарекуваат „чудото од дете“. Досега има учествувано на неколкуте престижни домашни и интернационални манифестации, каде често се закитувал со вискои признанија и прва награда. Освојува награда за најдобра интерпретација на фестивалот „Славјански базар“ – Белорусија (2004), ја претставува Македонија на јуниорскиот евросонг во Белгија (2005), издава свој прв албум „Even the world is small” (2006) и истата година одржува концерт во Тел Авив, Израел. Денис има освоено многубројни први награди на државни натпревари по соло пеење во Македонија: меѓународниот „Езерски бисер“ (Струга), Меѓународниот детски музички фестивал „Астерикс“ (Прилеп), Државно првенство на Македонија за класичен вокал и многу други. Беше присутен и на популарното шоу за млади таленти „Пинкови ѕвезди“.

Дино, другата половина на групата “Duo Voice”, е музички и едукативно поткован талент, роден и живее во Скопје. Пее и свири на повеќе музички инструменти како, пијано, гитара и ударни инструменти, компонира и класични композиции за одреден вид на инструменти. Со пеење започнува од мали нозе со хорот „Развигирче“, а подоцна пее ѝ во хорот „Златно славејче“ каде има снимено две песни, „Ти си моја авантура“ (2009) и „Ар ен би“ (2010). За време на школувањето  учествува на бројни музички натпревари, како „Солфеж“ каде има освоено неколку први награди. Дино зема учество и во шоуто за млади таленти „Сите наши песни“.

“Duo Voice”спреамаат нов ковер, симбиоза од две популарни нумери, кои сеуште не ги откриваат.

Проектот „Улични музичари и артисти“ е во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“-Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

Уличните музичари и артисти го будат духот на урбаното Скопје!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.