Кога се комбинираат поезијата и правото…

Викторија Петровска е родена на 14.05. 1995 година во Велес.  Основно образование завршила во Градско со континуиран одличен успех и првенец на нејзината генерација. Своето средно образование го продолжува во гимназијата ,,Кочо Рацин’’ во Велес. Таа го продолжува нејзиниот континуиран одличен успех, закитувајќи се секоја учебна година како првенец на генерација, а својата титула матурантка во Гимназијата ја дополнува и со титулата првенец на Гимназијата. Своето високо образование го продолжува на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ во Скопје каде што се истакнува како одличен студент. И покрај изучувањето на правото Викторија не ја изостава љубовта кон пишаниот збор и не престанува да твори. Како што вели таа – пишувањето и’ е потреба.

Талентирана млада поетеса, која учествува на секој литературен конкурс  како во нашата така и во други држави.

Од нејзините многубројни награди како најдраги  ќе ги издвоиме следните:

Прва награда на Меѓународен фестивал за поезија и кратки приказни – ,,Раде Томиќ’’ – Нови Сад;

 Втора награда на седмиот фестивал за Меѓународна поезија – ,,Трифун Димиќ’’ – Нови Сад;

Гран- при награда на 41-ви Детски Рацинови Средби – Велес;

Прва награда на државниот литературен конкурс Творам за Македонија на тема ,,Јас и мојот град’’ – Меморијален центар Фондација – Никола Кљусев – Скопје;

Првонаградена творба на ниво на Република Македонија – Здружение на просветни работници на Град Скопје. 

Прва награда на манифестацијата ‘’Млади творци’’ – поезија – 2016

Прва награда на манифестацијата “ Mлади творци’’ – проза-2016

Пофалена песна на манифестацијата ‘’Поетска гала’’ – 2016 – Кавадарци

– Секојдневието на оваа млада девојка го сочинуваат и многубројни други активности :

Таа подготвува свои едночинки, дел е од многу промоции, ги подготвува сценаријата и е водител на повеќе литературни читања. Сето ова надополнето со нејзината наклонетост кон дружбата, патувањето,  пријателите и запознавањето на нови луѓе ја прават Викторија она што вистински е :  дружељубива, зборлива, амбициозна и крајно посветена на работата.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.