Еделвајс

Еделвајс…ах Љубов!!!….. Сакаше да и го подари…се сеќаваше дека Таа го сакаше баш овој цвет!!! Еден и единствен…необичен…. Баш како неа…си мислеше!!! Сакаше да и го подари, сакаше да и каже дека таа е посебна и необична!!! Дури и посака да го засади во градината своја како би го имала и Таа секогаш, како не би копнеела по тој цвет повеќе, како би го сакала повеќе…како би и ја покажал почитта и љубовта кон неа. И кажа дека го побарал, ја замоли да му помогне да и ја исполни желбата да го има цветот, но наместо среќа кај неа се појави нешто друго…нешто што ја натера да заплаче пак, ја натера да почуствува, да се понадева…дека сепак постои Некој што се потрудил да го дознае цветот, Некој кој ја натерал да му ја каже приказната за нејзината љубов кон него…. Да му раскаже за својата љубов преку игра и да му раскаже за нејзината вистинска љубов….. Да му ја раскаже вистината за нејзината љубов и за останатите пропаднати љубови…. Не успеаја бидејќи таа сакаше нешто друго… Веруваше дека постојат љубови и љубови, но длабоко веруваше и посакуваше љубов каква што ја имаше симболиката на еделвајсот за неа. Таа сакаше нешто возвишено, единствено, едноставно, посебно токму како цветот – го сакаше ама го немаше никогаш!!! Никогаш не можеше да го пронајде она што го посакуваше и таман се откажа…дури и го заборави цветот….се сети да ја потсети…ја натера пак да размислува за љубовта…за таа љубов – безусловната…да свати дека сака Некој кој сеуште не е тука, да свати дека не сака да биде тука…. а сепак го сака да го има!!! Му ја раскажа својата причина за постоењето на љубовта кон цветот и да свати дека тој е за посебните и ретките не е за било кој…него може да го има и подари само некој и некому кој навистина го заслужил…Тој не се дава туку така, затоа и го нема!!! Тој се дава само ЕДНАШ и трае за цел живот без оглед на се и сешто тој ќе преживее и ќе надживее, Тој еднаш се дава и од срце!!! Повторно ја натера да мисли за Љубовта, Таа безусловната… Го запраша дали сепак ја има пријателе?!! Дали веруваш дека постои само за двајца… за цел живот?! Или е само пуст копнеж?!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.