Норвешки музички оркестар викендов во Скопје

Викендов на цетралниот плоштад  „Македонија“ ќе се оддржи интересен несекојдневен настан за жителите и посетителите на градот. Во сабота со почеток во 11 часот ќе настапи Норвешкиот музички оркестар Sykehousorkester Tonsberg.

Овој интересен норвешки музичка оркестар е со интересна приказна зад себе. Тие се група од единаесетмина музичари, со првична професија доктори и медицински сестри од истоимена болница во Норвешка. По повод прославата на 25 годишнината од своето постоење одлучија да го посетат нашиот Главен Град. Во рамките на оваа посета ќе имаат едночасовен музички настап на Плоштад „Македонија“.

Оваа несекојдневна група на музичари во главно музицира типично норвешка музика, уличен марш, регтајм музика и традиционален џез. Посетителите на Скопје ќе имаат прилика да уживаат во еден посебен настап, интересна музика и колорит од традиција.

Поинаков настан кој несмеете да го пропуштите, а кој вреди да се посети!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.