Скопје – Град во полн летен ритам

Летните месеци се зад нас, а Градот сѐ уште пулсира со истата енергија и топлина симболична за летниот месеци. Оддржувајќи ја забавата и духот во Градот продолжуваме со организираните свирки, настапи и ора на централните плоштади во Скопје, Македонија, ВМРО, Мајка Тереза (МОБ) и Богородица.

Скопски летен ритам е проект кој започна во текот на летото, а привремено беше прекинат поради временските непогоди изминатиот месец. Проектот го продолжуваме овој викенд со уште поинтересни содржини и настапи на нови изведувачи, кои ја збогатуваат програмската содржина. Музичките настани ќе се оддржуваат на четирите централни плоштади во Главниот Град со почеток во 20 часот. Според програмата за овој викенд се предвидени:

Четврток, 01 Септември, рок свирка со бендот Нешо Ау Бау, на Плоштад „Македонија“ . Тие се млад кавер бенд од Скопје, кој во своето постоење има променето неколку состави за денес да имаат четири утврдени членови. Свират претежно рок кавери од 70те, па се до современи рок нумери. Бендот го сочинуваат, Бранко Велевски (соло гитара), Зорица Георгиева (вокал и ритам гитара), Марко Трендафиловски (перкусии) и Дарко Поповски (бас гитара). Редовно настапуваат на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои: Bezisten, рок-бар Krug, рок-бар Garson, Децата од нашата улица и многу други локации.

За петок и сабота (02 и 03 Септември) е прдвидена поразлична програма кој вклучува: рок забави на Плоштад „ВМРО“, додека на Плоштад „Мајка Тереза“ е предвидена староградска музика, а Плоштад „Богородица“ – Ансабал на ора од различни краеви на Македонија. Целата програма можете да ја погледнете во прилог,

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.