Интервју со Марија Прличкова

Која е Марија Прличкова?
Студент на факултетот за бизнис логистика, рецепционер во мало прекрасно хостелче, вечно дете со уметничка душа кое вечно трага по смислата на животот и пред сé писател во најава, велам најава бидејќи сметам дека уште многу време треба да се искалемам дур да станам писател во вистинската смисла на зборот.Која е Марла?

Марла е, всушност, насловот на мојот прв роман, насловен по истоимената хероина. Марла е инаку една млада девојка од Чикаго, која ги раскажува своите секојдневни доживувања преку водењето на сопствен дневник.

Како се роди идејата за Марла?

Идејата настана сосема случајно, во автобус… Хаха… Кој би рекол дека патувањето од една почетна станица до друга крајна станица би можело да проникне со ваква идеја, но бидна… Размислував за една поинаква хероина која дотогаш во другите книги не сум ја сретнала, за на крај да решам самата да ја создадам. Сфатив дека нам, вистинските Балканци, ни недостасува нешто вакво парче и се случи, се случи токму мојата Марла во вистинско време.
Дали има дел од тебе и од твојот приватен живот во „Марла“?
Искрено од мојот приватен живот нема сочни детали, но дел од мене секако дека има, а тоа е во вид на мислења за некои конкретни теми и ситуации односно како јас би се справила во некоја од нив. Другото е сé моја лична имагинација и фантазија.

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Верувале или не, од самите луѓе… Кај нас сексот е сé уште табу-тема… Луѓето се конзервативни и ограничени, особено постарата популација. Па, лесно ставаат етикети кај помладите. Сакав да ставам конечно крај на сето тоа… Нивното ццкање беше доволна мотивација за мене како вечен бунтовник за правата на младите. Но, исто така и од американските филмчиња и романчиња бидејќи во суштина „Марла“ е пародија на клишеата.
Како писател на еротска проза, колкаво влијание сметаш дека има сексот во секојдневното функционирање на еден човек?
Сметам дека има во некоја одредена количина. Сексот според мене, претставува една терапија, олабавување на мозокот и телото за момент од лоши мисли. Додека пак, водењето на љубов, кое за мене има уште поголема важност од сексот, претставува чин на љубов помеѓу две особи. Сексот и водењето љубов се два различни поима. Сексот е терапија, водењето љубов е терапија, љубов и задоволство.

Кое е твоето мислење за сексот во Македонија?
Како што и претходно напоменав, кај нас сексот е сѐ уште табу-тема, па за жал ретко кој се осмелува јавно да говори на оваа тема. Водно е преполно со „невини девојки“, хостелчињата исто така се преполни, навечер стариот дел на парк вришти од напалени парови. Така што, сé на сé сметам дека сексот во Македонија е на завидно ниво, само што сите ќутат и си ја вршат работата, а доказ за тоа се светците и полните места навечер, па и преку ден. Хаха..
Дали „Марла“ во себе содржи скриена порака до читателите?
Да, всушност, скриената порака е да се срушат стереотипите и предрасудите. Една девојка не е ороспија доколку спие со само со својот партнер и прави сé тој да биде и среќен и задоволен, исто така мажите треба да го ценат тоа што девојките мака мачат да ги усреќат што е можно повеќе со секси долна облека, романтични свеќи и џез-музика. Наместо, да ја гледаат како гладна кучка која едвај чека вечерта да им даде.

Колкаво влијание сметаш дека има „Марла“ врз сексуалната имагинација и креативност на читателската публика?

Сé е до човечкиот мозок на „големиот човек“. Оној кој има перверзни мисли длабоко скриени во својата потсвест лесно ќе ги избие на површина дур ја чита оваа книга. Метафоричното порно е створено за сите луѓе со валкани мисли и перверзности, кој во овој случај не се страшни… Барем така мислам… И, всушност, така настана и мотото: Читај порно, бидејќи гледањето е демоде… Во суштина сметам дека има и те како влијание, бидејќи инаку не би ја пофалиле за афродизијак, зарем не?

Со оглед на тоа дека си во своите рани дваесети години и целиот живот, полн со нови искуства е пред тебе,од твоја перспектива дали би им порачала нешто на македонската јавност или пак би споделила некој совет?

Точно е дека сум сé уште млада и како што народот би рекол: Уште сум зелена во паметот, сепак мислам дека годините не се мерило за мудрост кај човекот. Има луѓе кои и на триесет години, па и на педесет… Сé уште прават непромислени грешки. Додека пак, има деца кои и на петнаесет години се доволно зрели… Јас би рекла дека годините се само бројка, па така што им препорачала на сите да го прават она кое што отсекогаш посакувале да го направат, да не мислат што ќе речат другите, затоа што, всушност, ние Балканците од тоа си патиме… Ако јас можев да создадам ваква книга, со сета анкциозност која ја содржев во себе, може било кој…

Колку си задоволна од успехот на првиот дел од „Марла“?

Со оглед на тоа дека немам сé уште издавачка куќа, па морам самата да бркам каде ќе оставам примероци од книгата, единствен маркетинг ми е фан-страната на Фејсбук, можам да кажам дека сум презадоволна. Ми пишаа заинтересирани дури од Австралија, Америка и Азија. Чувството што знаеш дека некој таму далеку сака да прочита нешто твое е неописливо, сфаќаш дека она што го правиш навистина вреди. Морам да им се извинам и на ние од градовите низ Македонија што сé уште ја нема таму, но полека и сигурно и до нив ќе стаса. Од сé срце им благодарам на огромната поддршка и големата заинтересираност за неа.

Дали мислиш дека читателите ја доволуваат вистинската смисла и порака на „Марла“?

Мислам дека да, но во суштина многу од нив не ја гледаат позадината на Марла, она што се случува меѓу редови дур се вози приказната со помош на метафората…
Дали тукашната околина е доволна да те инспирира тебе како писател?
За жал почна од негативната инспирација, кога никој не веруваше во мене и во она што јас од секогаш сакав да го правам, а тоа е пишувањето. Наидов на разни навреди и омаловажувања… Но, јас сум таков човек што мене не може таковто однесување да ме демотивира, туку напротив може да ме инспирира и да ме натера да им покажам и докажам дека навистина умеам да го правам најдобро што можам. Денес, приказната е поинаква…. Кога слушам луѓе кои ја прочитале книгата и се презадоволни и чекаат продолжение, ми доаѓа да вриснам од среќа….

Како да не пишуваш уште повеќе после толкава мотивација и поддршка?

Постојано ги прашуваме читателите колку се задоволни од писателите и нивните дела, но моето прашање, вусшност, е колку си ти задоволна од нашата читателска пубилика?
За жал кај нас повеќе се цени секогаш туѓото од своето, затоа што под дифолот е туѓо и мора да е супер. Ми ја споредија книгата со „50 нијанси сиво“, без да ја прочитаат во целост и да сфатат дека е со сосема поинаква позадина од книгата на Е. Л. Џејмс. Немам намера никого ниту да копирам, всушност, не ни знаев дека постои таква книга дур не ми ја споредија и не ја изгуглав. Сакам квалитетна читателска публика и претпочитам да ја освојам… А, во глобала сметам дека мојата пубилка е токму таква бидејќи знае да процени нешто поинакво од клише и плагијат.
Ми напомна дека пишуваш втор дел на „Марла“. Дали вториот дел е класично продолжение на првиот дел или пак се работи за нешто поинакво?
Се работи за продолжение, односно целата идеја за „Марла“ е таа да биде триологија. Првиот дел е „Кучката“, вториот дел е „Дамата“, а третиот дел е „Домаќинаката“. Целокупната идеја е за постгнување на трите улоги кои ја прават жената совршена. Но, секако распоредено едно по друго. Во вториот дел, Марла ќе основа клуб за спасување на жените од лошите врски уште пред тие воопшто да стапат во брак.

Кога во овој момент би направила маркетинг слоган за „Марла 2“, како би гласел тој?

Ако за првиот беше: Читај порно, бидејќи гледањето е демоде. Сега решив да биде: Секс со душа или водење љубов со тело?, кој произлезе со помош на мојот вечен сопатник Емил.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.