Баш ми е гајле за Сите и Се!!

Секоја убава мисла нему му беше посветена и пак водев љубов со Него….и неколку пати дојдов до врвот на лудилото и ги отворив очите….го погледнав него и се збунив…Не беше Тој!!! Бев збунета за момент…си помислив со кого водам јас љубов?! Со мене среќо! – ми рече и ја разбушавив косата за Него, го бакнував како никогаш до сега го гледав право во очи и му се насмевнував детески, заводливо, заљубено…само за да му покажам дека сум негова, дека се смеам за Него… се смеам на Нас!!! Ме праша: Ако од ништо можеш да направиш нешто да се вика Љубов, и тоа без да го знаеш, без да го видиш, без да го познаваш…..се чудам само како би се викало Тоа што би го допрела со допир?!! -СВЕТ Среќо….цел еден Свет би се викал!!! За твојот допир би изградила цел еден Свет. Да можам би ти ги поклонила сите звезди за да ти биде секогаш патот осветлен и по ноќ кога ќе доаѓаш кај мене! Душата би ти ја дарила ете така на тацна за да видиш што има во неа та збор нема да изговорам за да можам мирно само да те гледам. Срцето ќе ти го дарам за да се огледаш во огледало. Сонцето би ти го пратила да те гушне наместо мене за да ја осетиш топлината моја. Извор би ти подарила за да ја гаснеш жедта наша. Би ти ја подарила целата слобода на Светот за уште повеќе да се заљубам во Тебе….. Нема да те однесам во хотел на романтична вечера ами ќе ти ја приредам најубавата вечера под сите звезди и месечини…..ќе те однесам на највисокиот врв за да го видиш целиот Универзум како е заљубен во Тебе. Ќе те слушам како ми зборуваш за безусловната љубов, раскаживајќи ми ја нашата омилена приказна за еделвајсот галејќи ме по душата со допир терајќи ме уште повеќе да го засакам. Да снеможам. Да ти паднам во прегратки снеможена од љубов. Да ти заспијам залепена на усните твои… Да ти кажам: Баш ми е гајле за Сите и Се – Јас Те Сакам Тебе!!!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.