Викенд исполнет со богата музичка програма на централните Плоштади

Овој викенд во реализација на Проектот „Скопски летен ритам“, ќе се одржат неколку настани на централните Плоштади.
Во рамките на програмата е предвидено за Петок, 09.Септември, со почеток во 20 часот на Плоштад МАКЕДОНИЈА рок свирка со бендот Нешо Ау Бау. Тие се млад кавер бенд од Скопје, кој во своето постоење има променето неколку состави за денес да имаат четири утврдени членови. Свират претежно рок кавери од 70те, па се до современи рок нумери. Бендот го сочинуваат, Бранко Велевски (соло гитара), Зорица Георгиева (вокал и ритам гитара), Марко Трендафиловски (перкусии) и Дарко Поповски (бас гитара). Редовно настапуваат на повеќе локации низ Скопје.

Додека на Плоштадот ВМРО, истотака со почеток во 20 часот свирка ќе имаат рок бендот Чил Плеј, млад кавер бенд формиран во Скопје составен од гитаристот Даниел Шилев и пеjачката Мила Миливоевиќ, но имаат и проширен состав со уште една гитара, бас и тапани. Тие се активни на нашава сцена веќе 3 години со многубројни настапи во пабови, кафулиња и локали и со неколку настапи на фестивали низ државата. Досега имаат издадено една авторка песна “I’m in love” со која ги освоија сите телевизиски и радиски топ листи ширум земјата.
На Плоштадот Мајка Тереза, со почеток 20 часот е предвидена нешто посериозна музика, класична музика со Група Сигничр (Signiture), музички состав предводен од Тихомир Милановиќ ( Хармоника, клавир) и Нина Милановиќ (виолина). Свират обработки на познати класици, филмска музика како и хитови од светската сцена. Градејќи се поголемо искуство имаат свирено на коктели, во амбасади за пречек на службеници, модна ревија на Елена Лука, хуманитарни манифестации, Боб Марлис Деј на Школка и многу други настапи во изминатите 6 години. За Сабота се предвидени следниве настани:
На Плоштад ВМРО продолжуваме со рок свирки со почеток во 20 часот. Ќе настапат Стенд Бај(Stand By), поп-рок бенд со долгогодишно искуство, свират во главно поп-рок ритам, старо добро познати класици, како и нови хитови со изменет аранжман и звук карактеристичен за бендот, енергична и забавна музика. Бендот го сочинуваат: Џа Јо(вокал), Илија Трајковски (басгитара), Дејан Которчевиќ (тапани) и Моника Ставревска (вокал)
На Плоштадот Богородица пак е предвидена поинаква забава за посетителите. Со почеток 20 часот ќе настапи Ансамблот Никола Јонков Вапцаров од Скопје. Во своето 38 годишно постоење, организатори се на многу културни манифестации, концерти меѓу кои е и Илиденскиот Марш од Скопје за Крушево. Во својот состав моментално брои 210 членови, своја пеачка група, и свој изворен и традиционален оркестар. Кореографиите, ората и песните кои се во составот на Ансамблот се од сите подрачја на Република Македонија, Источен регион, Западен Регион и Скопски Регион.
Скопски летен ритам е проект финансиски поддржан од Градот Скопје, а во орханизација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк