Поезија на македонската поетеса Ирена Христова избрана за најквалитетна

Поезија на македонската поетеса Ирена Христова избрана за најквалитетна на Меѓународен книжевен конкурс во Вршац, Србија.

Здружението ,,Вршачки књижевни клуб‘‘ од Вршац, Србија го организираше десеттиот Меѓународен книжевен конкурс за поезија, проза и афоризми под наслов ,,Вршачка поетскасусретања 2016‘‘.

На конкурсот учество земаа автори од повеќе земји, а избрани се вкупно 180 од Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина,  Црна Гора, Бугарија, Германија и Романија.

Помеѓу најуспешните избрана е младата македонска поетеса Ирена Христова од Велес. Поезијата на Христова е избрана за најквалитетна и нејзини поетски творби заедно со творбите на останатите избрани автори ќе бидат објавени во зборникот ,,Вршачка поетска сусретања 2016‘‘, чија промоција ќе биде на поетските средби што ќе се одржат на 17 септември во Културниот центар во Вршац.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.