изведба на камерната оперска претстава „Р И Т А“ 17.09.2016 / 20.00 ч.

Во сабота, 17 септември, 2016 г. со почеток во 20 часот, на Малата сцена во Македонската oпера и балет ќе биде изведена камерната комична оперска претстава, „Рита“ од Гаетано Доницети.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток.
Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски
Режисер е Трајко Јордановски, а диригент: Ѓурѓица Дашиќ.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.