Македонската филхармонија вечерва гостува во Кичево

Македонската филхармонија вечерва гостува во Домот на културата во Кичево, каде со почеток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт. Под палката на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе делата: Арија од Оркестарската свита бр.3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса бр.2“ од Лудвиг ван Бетовен, каде како солист ќе настапи младиот и талентиран виолинист Бојан Илковски, како и атрактивната Симфонија во ге-мол бр. 40 од Волфганг Амадеус Моцарт.

Гостувањето на Македонската филхармонија во Кичево е дел од мисијата на оваа институција да ја развива музичката култура и во другите градови во земјава.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.