Поетско-музичка вечер со Филип Димкоски и Џина Папас Џокси

В четврток, на 29.9.2016 година од 19.00 часот, во Домот на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) ќе биде изведен поетско музичкиот перформанс „Поетско-музичка вечер со Филип Димкоски и Џина Папас Џокси“.
Во рамките на настанот ќе биде промовирана втората поетска збирка од Филип Димкоски, насловена „Божилак на исконот“ која пролетва беше препеана и објавена на српски јазик и промовирана во Србија. За книгата ќе говори проф. д-р. сц. Васил Тоциновски.
Ова ќе биде десетто претсавување на книгата и за гостите ќе бидат достапни последните примероци од нејзиниот прв тираж.
Покрај рецитациите на Филип, гостите ќе слушнат и поезија од македонски поети со музичка подлога во изведба на Џокси. Џокси ќе ги отпее песните Упија од Тодор Чаловски и Загубена падина од Ристо Јачев.
Како што велат Димкоски и Џокси, имаат за цел да ги будат емоциите и со музика и песна да ги топлат срцата на гостите без разлика каде настапуваат.
Поканети се сите негувачи на длабоки емоции предизвикани од стихови и музика.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.