Македонска делегација на dadaEAST во Тирана

Поетесите Елена Пренџова и Делвина Керлуку, поетот Ресул Шабани, писателот Роберт Алаѓозовски и уметникот Ѓорѓе Јовановиќ настапија на дадистичкиот фестивал на звуковна поезија и визуелни уметности dadaEAST во организацијана Поетека Албанија што се одржа од 26–30 септември во Тирана, Албанија по повод сто годишнината од појавата на дадаизмот. Пренџова настапи со слем-поезија и со изложба на конкретна поезија, чиј графички дизајн направен специјално за потребите на изложбата е на Ивана Коровешовска.

Алаѓозовски и Јовановиќ ја претставија дадаистичката поезија на митрополитот канадски Методи Златанов на симпозиумот на фестивалот, како и на отворањето на фестивалот преку визуелно-аудитивен перформанс, на кој, како куриозитет, беше пуштено и архивско видео на кое самиот автор ја интерпретира својата поезија. Покрај претставниците од Македонија, на фестивалот учествуваа и дваесетина други поети и уметници од регионот и Европа: слемерката Џипси Јо од Албанија, звучните поети Патрик Дубуа од Франција, Америго Родригез од Португалија, Јани Освалд од Австрија и Елона Чулиќ од Албанија, перформативната уметница Наташа Бега од Албанија, перформативниот поет Демостен Аграфиотис од Грција, поетите Елјан Танини од Албанија, Марко Погачар од Хрватска и Звонко Карановиќ од Србија, поетесата Тања Бакиќ од Црна Гора, прозаистката Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, прозаистот Доријан Штајнхоф од Германија, танчарот и уличен настапувач Дрор Леберман од Израел, танчарката Шоинори Казуи од Јапонија и др. Фестивалот беше од интердисциплинарен и перформативен карактер и обединуваше повеќе уметности: стрит арт, танцови, визуелни, аудитивни уметности и, секако, уметноста на пишаниот збор. Перофмансите и настапите се случуваа на повеќе невообичаени локации, меѓу кои и Саат-кулата во центарот на градот, бункерот-музеј на уметноста Bunk’ART, познатиот тирански џез-клуб „Хемингвеј бар“ и патувачката архитектоско-уметничка инсталација „Облакот“ на јапонскиот архитектот Соу Фуџимото поставена пред Националната уметничка галерија и изградена исклучиво за уметнички случувања. Фестивалот претставува вистинско освежување и уживање посветено на нетрадиционалните и современи уметности и се покажа како успешен презентирајќи богата и квалитетна програма.
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.