Ме учеа едно, а научив друго

Домашното воспитување  е најважо. Мене ме учеа едно, а сфатив сосема друго. Ми велеа да бидам култура и воспитана, јас сфатив да бидам добра но само со тие што заслужуваат. Ми велеа да бидам добар ученик, јас бев најдобра во моите глупости. Сакаа да бидам дете  за пример, а јас бев пример како не треба. И така низ годините ми се разврза јазикот, ми ја одлепи траката на зборот кој треба да се каже  веднаш штом ќе стигне. Ме уеа едно, а ас сфатив друго.  Но сега гледам дека она погрешното е тоа вистинското. Да постапував така како што ми велеа, тоа за мене ќе беше самоуништување. Ме учеа помалку да зборувам повеќе да работам, јас го сторив тоа обратното. Ме учеа да бидам покорна на маж, да молчам и слушам зборови на мој грб. Но тоа за мене беше невозможна мисија. Ме учеа да давам почит секому, но тоа го правам на достојните. Не, жал ми е. Не можам да глумам лудило, да ставам маска на љубезност ако знам дека не ми доликува на нечие однесување.  Срце не сака, рака не се пушта.  Нека продолжат да ме нарекуваат дрска, недоносена, Ме учеа дека поштеноста се исплаќа, но  за сега јас сум шворц.  Ми велеа да се однесувам во склад со годините, но  тие беа далеку пред мојата ментална гимнастика. Ми велеа да се посветам на она што ќе ми нуди корист во иднина, но јас го одбрав  она што го користам секој ден.  Пишувањето не ми дава леб, но ми дава слобода која луѓето ни сами не си ја дозволуваат. И јас бев добра, но таа кожа не одговара на мојата крв. Претходно ме сакаа другите, а јас не. Сега на другите не им се допаѓа мојот внатрешен стајлинк, но за мене е удобен. Еден ден кога ќе имам дете нема да го учам што е правилно. Ќе сфати само.ќе доживее се. Најдобрата лекција нема да ја слушне, туку ќе ја доживее. Така се учат најважните лекции, така се учат децата. Од сето тоа  што ме учеа, научив дека ништо не научив. Се што сфатив ми го кажаа падовите, а она убавото ми го кажа  трудот и самоглавото  однесување.  Никој не знае што е правилно за другиот, затоа што своите правила не се исти со другите, своите стравови не се слични  со другите, своите збиднувања не се поклопуваат со  другите.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.