Сите песни неопеани, текстови не допишани?!

Шеснаесети Октомври. Иако дата што ја означува самата средина на месрцот, за нас дојде крај. Тоа беше крај н животот на Тоше, крај на еден глас кој згасна на патеката кон успехот. За нас беше тажно, но тој се спаси, замина таму каде што припаѓа, замина кај амгелите. Знаеше тој дека има илјадници фанови, но знаеше дека од неговите почетоци не беше така. И кога ја постигна светската слава, тој знаеше дека има некој што пишуваат неубаво за него. Тој знаеше дека преку лажните гнасотии што ги пишуваа за него си ги зголемуваа своите сиромашни тиражи. Епа ајде сега пишувајте и понатаму лошо за него новинари. Немате инспирација или за покојните се најдобро. Вие бевте тогаш за жалење а сега го жалите Тоше. Тоше не загина, тој замина таму каде што се е со чиста душа и мисла. Тој замина таму каде што љубовта се дава, а не се очекува. Тој замина таму каде што добрината се покажува а не се докажува на другите. Не остави сега во тага, ни се одмазди заради некои кретени што не знаеа што е тоа убава музика и што не слушнале така нежен а силен глас. Ќе ни се појавува само во сонот, ќе се појави на слика или предмет но ништо веќе не е исто. И кога слушам одамнешна песна негова нее така ведра каио некогаш. Нее така ведра затоа што знам дека неговата душа веќе нема да испушти нов глас, нов крик.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.