Дваесет работи кои ги знаат само родените во деведесетите

Носталгични години оставија убави спомени кај сите. Во тоа време имаше повеќе стварно дружење, повеќе физички активности и по веќе време за најблиските.Со заминувањето на деведесетите остана носталгиа но останаа и неколку работи кои децата од деведесетите ги паметат.

  1. Јојо топче- Беше чудесно како ова тркалезно пластично топче го пушташ доле и пак се враќа со помош на издржливоста на конецот.
  2. Вокмен- Голем фраер беше ако одиш по улица и слушаш касета на вокмен со големи атомски слушалки. Единствено лошо што можеше да ти се случи е тоа да не слушнеш кога се приближува некое возило.
  3. Докмартинки, каубојки, стоперки. Како и да ср викаа овие чизми сепак ретко кој ги немаше. Обоени во темнокафена кожа и со крзно што како печка ја топли ногата.
  4. Клик-клак. Овие две топчиња кои наликуваа на големи цреши беа смрт за ушите на возрасните. Константното тропање со нив создаваше наплив на бес кој на крај го исфрлаа со пет минутно викање по произведувачите на тој звук.
  5. Детска пошта. Тоа беше најубавата забава на децата од деведесетите. Тоа беше и причина да излезеш на улица да видиш да ги замениш дупликатите со нова потска пошта. Некои од тие детски хартиени книвчиња имаа и прекрасен мирис. Тие се менуваа една за две нови.
  6. Жетони кои се паѓаат во смоки. Повеќето деца купуваа смоки за да соберат жетони. Собраните жетони грижливо се чуваа во својата соба.
  7. Ролшули. Колку е прекрасно кога на нозете имаш тркала и можеш да се возиш. За оние кои го испуштија то време треба да знаат дека ролшовите имаа четири тркала а ногата стоеше на платформа која имаше ремчиња за да ја прицврстат ногата на платформата.
  8. Патики што ноќе светат. Оваа голема радост правеше секое дете да се чувствува во центарот на вниманието кога се носат ноќе. Е тоа беше голема радост.
  9. Патики на вода- Ова име не одговараше баш со патиките. Патикине не беа на вода. Во еден ден од нивната градба се наоѓаше проѕирен дел кој е исполнет на вода.
  10. Собирање салфети. Секој детски роденден беше идеална прилика за да се собере шарена салфета. Собраните солфети беа уредно собрани и ставени во кутија. Требаше големо внимание и скришно место родителската рака да не досегне по кутијата.
  11. Заби дракула. Овие пластични заби се продаваа во секоја продавница. Колку и да беа неугодни за носење сепак целта на децата беше да ги заплашуваат другите.
  12. Флуросцентни ѕвезди. Овие пластични ѕвезди беа дел од секоја тинејџерска соба. Прекрасно е кога доцна во ноќта која ламбите се изгасени флуросцентните ѕвезди даваат мала светлина во твојата соба.
  13. Споменар-Мала тетратка која служи за запишување на тајните и секојдневните случувања. Беше врв на задоволството кога со споменарот одеше и катанец со клуч.
  14. Детско шампањско. Овој газиран пијалок со оригинално шампањско беше посакуван пијалок на сите детски родендени или славење на Нова година.
  15. Пластичен апарат за сликање. Таа мала црна кутија во која се става долга лента имаше моќ да создава фотографии кои беа од голема вредност за нас.
  16. Тротинет. Уште од самото појавување доживеа голем интерес и барање. Повеќе велосипедите и ролшовите немаа голема бараност.
  17. Систем. Убаво беше чувството кога ќе си купиш касета и ќе ја слушаш во системот. Подоцна системите се направија двофункционални. Горниот дел за цедето а долниот дел и припаѓаше на касетата.
  18. Албум со сликички. Ова беше едно од хобиата што ги имаа децата. Да се потполни албумот во целост беше голема желба и трка со другите деца.
  19. Монтка- Тоа беше топло палто кое непокриваше речиси целите. Кога ќе не видеше некој од страна делувавме како тело во надуван балон.
  20. Чип-чан. Миленичето сместено во мала коцка беше голема одговорност за сите деца. Требаше време да го нахраниш, измиеш и да го играш. Прототип на тогашниот чипичан е денешната игра поу.
Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.