Претставување на младиот поет Димкоски во Белград

Промоција на српското издание на стихозбирката „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски ќе се одржи на 28 октомври во билиотеката „Милутин Бојиќ“ во Белград, со почеток од 18.00 часот. За книгата ќе говори поетесата  м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ која е и рецензент на книгата.

Промоцијата ќе ја води и за авторот ќе зборува авторката Марија Лесан. Предвидена е и музичка програма на настанот.

Книгата „Дуга искона“ е објавена пролетва и предизвика интерес на промоциите во Нови Сад и Ниш.  Во Нови Сад беше промовирана во рамките на Меѓународната уметничка колонија „Панонски бисери“ во организација на Сојузот на книжевници СКОР, каде од неодамна член е и Димкоски.

Филип Димкоски  при посетата на Белград ќе присуствува и на 61 Меѓународен саем на книгата во Белград каде ќе ја претстави и изложи „Дуга искона“. Ќе присуствува и на промоцијата на зборникот „Сите ние сме божји деца“  во рамките на саемот. Зборникот е во издание на  Пром продукција од Србија и Култура снова од Хрватска, а во него Димкоски е застпаен со песна препеана на хрватски и ромски јазик.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.