Атрактивниот симфониски концерт за деца „СУПЕРХЕРОИ“ повторно на програмата

Поради големо инетресирање од страна на публиката, Македонската филхармонија ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“, кој ќе се одржи на 26 ноември (сабота) во Домот на АРМ во 12 часот.
Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе популарните музички теми од култните филмови: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“…
И овој пат аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.