Хумани преку уметноста! Заедничка акција со НЛБ Банка

На 01.12.2016 година, во НЛБ Галеријата ќе се одржи продажната изложба на детските цртежи собрани за време на НЛБ Месецот на штедење. НЛБ Банка одлучи оваа година да затворањето на изложбата го претвори во настан од хуманитарен карактер, на кој сите присутни гости, клиенти и вработени, со купување на детските цртежи, ќе можат да донираат средства. НЛБ Банка пак, како иницијатор и организатор, за секој примен цртеж, ќе донира по 200 денари.
Сите собрани средства од продажбата на детските цртежи и донацијата на Банката, ќе бидат наменети за Македонските Специјални Олимпијци.

Веќе 5-та година по ред, за време на месецот на штедење, најмладите штедачи твореа, овој пат на тема „Штедење и хуманост“. Оваа година во периодот од 26.09.2016 година до 25.10.2016 беа собрани 1799 цртежи. НЛБ Банка како и секоја година, ги награди со штедни книшки 10-те цртежи со најмногу гласови од посебната посебната веб страница www.stedenje.nlb.mk, како и 20-те цртежи одбрани како најдобри од стручната комисија, годинава во состав од академските уметници Сергеј Андреевски, Константин Качев и Христијан Санев.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.