Виртуелна училница во Skopje City Mall!

На 23-ти и 24-ти декември во Skopje City Mall ќе можете да се запознаете со платформа која ќе ви помогне да го надградите вашето знаење! Луѓето низ целиот свет веќе истражуваат различни методи на едукација кои се во согласност со нивните пренатрупани распореди и променливи потреби.

Xplorify.mk е подготвена за првата генерација слушатели!

Во текот на двата дена во City mall ќе се дружиме со нашите партнери и пионери во унапредување на едукативниот процес – приватните училишта:
Центар за странски јазици – Скопје
– Алфа Едукација – https://alfaeducation.mk/
Смарт – SMART
и други едукатори кои виртуелно ќе не придружуваат со приклучување преку платформата.

Во разговор со претставници од училиштата, дознајте повеќе за можностите да посетувате нивни курсеви онлајн уште од јануари, од вашиот дом или друга локација, избегнувајќи ги гужвите, зимскиот снег и ладното време. Предавачите и тимот на Xplorify ќе ви ја презентираат и виртуелната училница преку која ќе се одвиваат предавањата.

На настанот, ќе промовираме и неколку понуди за бесплатни кратки обуки кои ќе се одржат преку платформата, а ќе бидат наменети за сите оние кои ќе дојдат и ќе се пријават преку оставање на свои податоци.

Ве очекуваме!
https://www.xplorify.mk/
E-mail: contact@xplorify.mk
Телефон: +389 78 246 468 / +389 78 246 224

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.