Концерт на Репетитор, Палиндром и Игралом во МКЦ Скопје

Почитувани РЕПЕТИТОР ВО МКЦ!
Доколку сте хардкор фан, сигурно веќе и знаете за концертов, бидејќи Репетитор веќе го објавија скопскиот концерт. Значи, 23 декември, 21:00 во МКЦ Скопје ги пречекуваме РЕ ПЕ ТИ ТОР!

Штотуку го издадоа својот трет албум, насловен „Gde ćeš“, кој беше најавен со ударниот сингл „Бескрај“ веќе кон крајот на минатата година. Веќе тогаш беше јасно дека Репетитор нема да скршнат од својот зацртан пат. Нивното најсилно оружје, секако се концертите во живо, па не е ни чудо што бендот веднаш по издавањето на албумот тргна на европска турнеја.

Албумот е издаден за словенечката издавачка куќа MOONLEE RECORDS а можете да го набавите во сите формати, вклучувајќи и дигитален формат тука – https://moonleerecords.bandcamp.com/album/gde-e

Вечерта ќе ја отворат Визељ од Белград, а после нив ќе настапат и скопските деца ПАЛИНДРОМ.

Билети за овој концерт можете да набавите веќе од понеделник 07.ноември по цена од 200 денари на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс.

На ден на концерт (23.12) цена на билет ќе изнесува 300 денари (доколку останат).

Ставете си го датумот во календар!
Се гледаме во МКЦ

dare

dare

Уредник на муабет.мк