Маша и Медо

„Маша и Медо“ спектакуларната руска детска претстава премиерно во Македонски народен театар

Публиката ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава направена по истоимениот и многу популарниот цртан филм „Маша и Медо“.
Ова е идеална прилика нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа која специјално по овој повод доаѓа во Македонскиот народен театар, со оригиналните костими, на децата ќе им ги доближи авантурите на „Маша и Медо“.
Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Изведбите се на 28 и 29 декември во 18:00 и во 20:00

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата во МНТ

Цени на билетите:
Прва галерија – 400 денари
Од 6 до 17 ред – 500 денари
Од 1 до 5 ред – 600 денари
Балкони до сцената и централна ложа – 600 денари

За подетални информации јавете се на билетарницата на МНТ
тел. 02 3230 304

 

Recent Posts
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.