Петок 13ти Роденден ми е

По некоја чудна каузалност оваа година роденденот ми се паѓа у петок. Тоа е секад јака фора пошо едно е ретко коа се дешаа, друго е дека сум роден на 13ти и одеднаш имаш најбоља прича славење роденден на Петок13ти!

Оваа година се десија пуно ствари, отворив кафич, Блогираме отиде укурац, го направивме Блокираме, биднаа #твитернагради, станав диџеј, отворив продуцентска куќа Vinyl&Co. која продуцираше пуно добри ствари и кој фати со нас да работи парче направи низ градов и мислам дека може комотно да заклучам дека ова беше заузета година!

Можда очекуев поише пари, можда поише сатисфакција, можда поише слободно време и слобода и МОЖДА СЕ ЗАЕБАВ! Али факит факат е дека кога ќе погледам зад себе годинава сфаќам дека е ова година која мислам дека ќе ја памтам целиот свој живот и тоа понекогаш е сасвим поише од доволно!

За овој роденден ќе напраам сет кој на некој начин ќе биде слика на музиката која ме инспирирала да бидам ова што сум у животов! Што значи ќе има пуно Бритни Спирс песни и порно гифови, али и ќе гледам да обезбедам и по некое пиво од мене другари нормално за сите што ќе купат скуп поклон.

Такашто јебеш Нова Година, јебеш Божиќ и прославата за инаугурацијата на Трамп, мислам дека ова ќе биде журката на годината. Имате 2 недели да се подготвите да бидете здрави прави и највесели на 13ти.

Башка Стара Нова година ај ај ај!!!!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.