21ви Јануари во МКЦ: YÖU – Концертна промоција на “We sing the blues”

Скопскиот бенд „YÖU“ ќе го промовира својот прв албум „We sing the blues“. Концертната промоција е закажана за сабота, 21 Јануари во 21:30 часот во бифето на МКЦ.

YÖU се млад бенд кој постои од 2015 година и досега имаат свирено неколку концерти во Скопје, како и во други градови низ Македонија. Моментално се во процес на букирање на нивната прва Европска турнеа која ќе се одржи во Мај 2017.

Дизајн на омот: Марко Крстевски (Omowsky).

YÖU го сочинуваат Марко Крстевски (гитара, вокал), Мартин Митевски (бас гитара, вокал) и Тејка Васиљевиќ (тапани, вокал).

На самиот концерт ќе може да се набави и ЦД од новиот албум.

Билетите се во претпродажба само на касата на МКЦ по цена од 200 денари, а на денот на концертот по 250 денари.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.