Monoloc во Епицентар

Monoloc е техно фанатик. Откако ја направил својата транзиција од рок и хеви метал кон електронска музика уште како тинејџер, овој артист, родум од Франкфурт, го посветува својот живот на подиумот.
Неговиот суров, но софистициран техно звук му донесе респектабилна репутација на светско ниво. Моментално живее во Берлин каде е најмногу сконцентриран на продукција.
DJ-ската кариера му започнува со настапи во помали барови и на приватни забави, а вистинскиот подем во неговата кариера започнува од 2002 година, кога по 12 месеци работа во своето домашно студио, чувствува дека му треба поголем креативен простор и изнајмува едно од професионалните локални студија за да почне со сериозна продукција. Таму, се здружува со екипата на CLR Recordings за кои ги издава своите први траки.
Вкупно, издава шест EP изданија за CLR меѓу кои и хитовите „Try“, „Things“ и „It’s Mine“ со кои го обиколува светот, а подоцна и неговиот прв албум Drift. Неговата музика е издавана и од Innervisions, Life & Death и Soma до крајот на 2015 година.
Моментално, неговиот звук се наоѓа некаде на границите меѓу техното и хаус музиката, а Monoloc никогаш не престанува да изненадува и да експериментира со неговата продукција и DJ сетови.

Петок, 20 Јануари

Monoloc (Official) [Dystopian / Afterlife] https://www.residentadvisor.net/dj/monoloc
https://www.monoloc.net/

https://www.beatport.com/artist/monoloc/71925

Local Support:
Robotek

Влез: 250 МКД

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.