ВРЕМЕ Е ЗА BIJELO DUGME ВО СКОПЈЕ

Со еднаква доза на задоволство и гордост Ве информираме дека најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, Bijelo Dugme, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје.
Концертот на Bijelo Dugme кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши…
Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на Bijelo Dugme.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку проджната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу цените на билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

ВАЖНО: СЕ ОДРЖУВА САМО ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ!

Во продолжение, погледнете го видеото во кое Брега, Ален и Тифа самите го најавуваат скопскиот спектакл.

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.