Прешернов ден, в сабота во Скопје

В сабота (четврти февруари) со почеток од 19.00 часот во Музејот на град Скопје, Словенечки центар-Скопје, организира Прешернов ден.

Месец февруари е месец на културата во Словенија во чест на најистакнатиот словенечки поет Франце Прешерен кој починал на 8 февруари 1849 година.

Со цел да се одбележи овој важен датум за сите Словенци кои живеат во Македонија, но и да се доближи словенечката култура до граѓаните на државава, Словенечкиот центар-Скопје во соработка со Музеј на град Скоопје и директорот Томислав Микулчиќ, Амбасадата на Р. Словенија во Македонија и потпомогнати од Бирото за Словенците зад граница и по светот од Словенија го организираат овој настан што ќе понуди богата културна програма.

Учество ќе земат членови на Словенечкиот центар како и  ученици што посетуваат дополнителна настава по словенечки јазик која во Македонија се организира веќе осумнаесет години од страна на Министерството за образование, наука и спорт на Словенија и Заводот за школство на Словенија.

Ќе настапат и студенти од катедрата по словенечки јазик од Филолошкиот факултет-Скопје, под менторство на проф. д-р Лидија Аризанковска.

Ќе се прочита поезија на словенечки и на македонски јазик од Прешерн, но и од други словенечки автори. Ќе биде претставена и дел од поезијата на младиот македонски поет Филип Димкоски. Димкоски на македонски ќе прочита своја поезија, поезија од Прешерн и песна од словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец.

Поезијата на Димкоски, на словенечки ќе ја интерпретира книжевната преведувачка Викторија Блаежеска.

На настанот свое обраќање ќе има амбасадорот Милан Јазбец, претседателот на Словенечкиот центар-Скопје, Сашо Стојковски и заменик претседателката Олга Равњак-Станковиќ. Предвидена е и музичка програма со настап на музичката група од училиштето „Васил Антевски-Дрен“.

Настанот е од отворен тип и поканети се сите заинтересирани граѓани

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.