Блескајте луѓе!

Повеќето од луѓето не сакаат да почнат, затоа што не сакаат да ги видат другите како почнуваат од нула. Мили мои, секој почетник почнува од нула! Знам дека е клише, но животот е навистина само еден. Во некои сегменти од животот, се случува да го почувствуваме тоа на својата кожа. „Зошто не се запишав на пијано? Зошто не му/ѝ кажав дека ми значи? А требаше тоа да го направам…“ И така натаму. Тоа се тие моменти на каење и моменти кога тајно во себе сакаме да го вратиме времето, да го направиме тоа што некогаш сме сакале. Грото од народот, не се осмелува да си ги исполни своите желби размислувајќи што ќе каже народот. Погрешно! Сѐ зависи како сето тоа ќе ја прифатите критиката на народот. Ако сте од тие поцврстите карактери тоа ќе го прифатите како едно вистинско челичење, а од друга страна ако сите тие оговарања и критики ве надвладеат вие ќе се изгубите самите во себе. И оние кои оговараат и знаат да ви коментират на секоја ваша постапка и изјава, не се најчисти верувајте ми. Постојат луѓе кои се премногу „стручно“ настроени кон општеството и „стојат“ на страна на правдата, но не е така. Тоа е тој вид на народ што со лаги и мамење стигнал до таму каде што се наоѓа сега. Верувајте, не им е лесно, нив совеста им е ноќна мора, тие се одвнатре празни. Познавам луѓе кои цел живот се извлекуваат со среќна карта без да вложат ни трошка труд, познавам неписмени луѓе кои си играат професори, познавам доктори без основно знаење на медицината, познавам „глумци“ кои цел живот глумат чесни и наивни жртви. Од таквите ми се лоши, тие не вредат, не бидете како нив! Но, постојат и луѓе кои го оправдуваат своето постоење како човек. Тие емпатично знаат да ја отворат својата душа и ширум да ве поканат во нејзината топлина. Ако некогаш ја почувствувате таа топлина, не пуштајте ја –реткост е тоа! Постои народ, кои знае што е тоа болка кога „чистите“ луѓе секој ден се повеќе те надминуваат со нивните црвено-сини книжуриња. Луѓе не обрнувајте се кон таа страна, нека сето тоа не ве ограничува. Немојте да се натпреварувате со нив, тие секогаш ќе бидат победници. Натпреварувајте се со самите себе, трудете се да бидете подобри од вчера, само така ќе ги победите сите тие неправди кои ни ги нанесува 21 век. Живот е преубав, ни нуди премногу шанси и полиња да ја докажеме нашата вредност. Заблескајте во своите квалитети, вашата среќа е само ваша! Учете од животот и немој никогаш да речете дека нема веке добар човек на планетата, бидете вие добриот човек, бидете пример за другите. Бидете почетокот на ревулуцијата против неправдата и злобата, искористете го своето право на слобода и говор! И не дозволувајте она што е во другите земји нормално кај нас да биде храброст! Верувајте во себе и покажете му го на светот најдоброто од вас, никогаш не е крај. Крај е само тогаш кога ќе престанеш да веруваш во себе, а кога тоа ќе се случи настанува конфлик помеѓу паметот и реалноста, а срцето страда! Бидете пример за другите!

Петранка Костадинова

dare

dare

Уредник на муабет.мк