ЉУБОМОРШТИНИ

Ако нешто го разорува ткивото на една врска или брак – тогаш тоа е љубомората.
Реално кажано,сите си патиме од неа,некој помалце,некој поише.
Како се шо класифицирам така и љубоморава ќе ја поделам.Се појавуе у поише облици у една врска.Значи у една врска може:
1.Ич да ја нема
2.Умерено да ја има
3.Болно да ја има(дијагноза:болно љубоморни)
У врска кај шо ич ја нема (ни од машка ни од женска страна) секој си има своја политика.На никој за никого не му е гајле и го боли цефка,и тука поштонема никакви чуства,таа врска е временски ограничена (највише опстојуе ради сексовите у неа)
Вторава група или умерени љубоморни е прилично застапена.Тоа ти е коа љубомората има свои граници,а за цело тоа време провејува таа еротска нишка.Таа иста нишка која на партнерката и докажува дека не ти е сеедно.
Да бидеме реални и да си признаеме дека на никој од нас нема да ни се свиѓа ако партнерот или партнерката ни каже дека ќе иде на кафе со бившиот.Или па и се јавуе нон стоп да и кажуе колку и фали и колку згрешил додека иделе.
Ти сепак и веруеш на девојкати дека она нема да подпадне на тие финти,ама сепак нешо те копка,те јаде црвот,љубоморен си и и кажуваш дека не ти е сеедно ради таа ситуација.И даваш до знаење дека ти значи,а она у таа љубомора препознава нешо шо го немала у предходната врска..
Тука може да следи само зближување меѓу двајцата и тоа е таа еротска нишка шо ја спомнав погоре.
Да си умерено љубоморен во граници е човечки и нормално,па не сме коњи ….луѓе сме.
Башка и некако секси ми е коа знам дека на девојка ми не и се свиѓа тоа шо бившата ми пишуе пораки у ниедно време.А тие пораки сум и ги пријавил јас без да ми чепка по мобилниоти да копа по повици и инбокс.
Нема криење,све е транспарентно ….само така се стига до разбирање и доверба.
Третиот тип или болно љубоморни се најлошо нешо шо може чоек да го снајде.
Е тие се опседнати,само на тоа мислат: -Па дали ме вара? Па кај е сеа,викаше дека е со другарки а кузнае кај е …. и слични прашања кои шо те запоседнуваат.
Болната љубомора е стварно болест.
Прати го примеров: И се јавуе дечково на девојкава и ја прашуе кај е ( а саатот 4 сабајле)
Она му вика дека е дома и спие.И тука почнуе кавга.И вика : – Лажеш, не си дома,кузнае кај си и со кој си!!!!
Кулминација е коа ќе и рече: – Ај пушти вода у веце за да знам дека си дома:))))
АЛООООО бре будало космичка,толкаво ниско ниво на ретардација не сум видел.Пушти вода од веце за да знам дека не лажеш!!!!!!
Па ако сака да те лаже и од кај швалерот може да пушти вода,ваљда не те мафта со некој шо има полско веце:))))
Или па ако ти се погоди некоја ултра љубоморна девојка шо ќе ти вика дека не смеат да ти се јавуваат другарки,уствари дека они не ти се прави другарки,туку сакаат нешо со тебе….
ЕЈЈЈЈ бре девојче,тие ми се другарки со кои шо сум израснал и постојат уште многу пред да се појавиш ти.
Највише го јадат тие шо се болно љубоморни,а имаат убави девојки. Е според нив никој не смее да ја погледне девојката,никој не смее да и се приближи,а ако сака да се запознае тука може да следи и маање.
А на шо ќе личи ако се тепаш со секој втор шо мисли дека девојкати е убава и ја загледал?????
Ќутек еден куп ќе јаде,наместо да се гордее шо таа лепотица се шета со него.Па нека ја гледаат,очи за глеање се ….едно е да ја глеаш,друго е да ја имаш …
Да резимирам на крајов.
Првиот тип на љубомора искрено е за никаде.
Вториот тип на љубомора употребувајте го,посебно во таа еротска нишка шо спојува.
Третиот избегавајте го,дијагнозата е тешка клиничка слика,а времето и лекарствата се скупи:)))