Влатко Сапламаев: Музика која раѓа уникатни чувства

Композицијата „Gift“ која ја објави Сапламаев е нешто ново и уникатно на македонската музичка сцена. Во композицијата владеат примеси од класична музика и македонски звуци. За ваквата музика тој вели дека не бара инспирација. Дека некогаш е  најдобро е да се остави умот и срцето да се опуштат и дека секој може така да го постигне тоа што го сака.

Влатко Сапламаев е млад музичар кој има завршено џез пијано на музичката академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Со години свири во различни бендови и од неодамна реши да креира нешто свое.

Ова е првата авторска пијано композиција на Сапламаев и ја има крстено „Подарок“ затоа што тој сака таа да е подарок од него за сите кои би ја слушале. Влатко препорачува песната да се слуша кога секој е сам со себе за да се постигне најголемиот можен ефект. Неговата композиција раѓа уникатни чувства кои не секогаш можат да се најдат во секојдневниот живот.

Песната може да ја да ја проследите со стискање на play

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.