МОБИЛНИ

У денешно време ако немаш мобилен значи нешо мутиш.
Све живо бачко денес има мобилни,од најмал кепец до тешка геријатрија,сите можат да се пофалат дека имаат мобилен.Ама ај со ред.
На дечиња од прво одделение од дома им купуваат најлуксузни телефони и со нив се чаламат у школо..Кутро дете уште плаче за цицка од мајка му ама битно има нов ајфон шо му го купил татко му зашо научил колку се 2+2:))) Гордо и мафта на наставничката у школо со телефон шо кошта дупло поише од нејзината месечна плата,абе фрустрации у просветава на секој чекор.
Е добро бе,кој ќе му се јави на копиљот на тој мобилен??Сунѓерот Боб ќе го бара да се чујат??
Стварно не ми е јасно со копиљациве и мобилниве, ама ако тоа не го оштетува нивниот домашен буџет тогаш мирно ќе спијам:))))
Се сеќавам коа првпат искочија мобилните кај нас,па тоа беше поим да се има бре,за пари и да не зборам.Едно цело богатство кошташе да си купиш цигла мобилен и да се курчиш пред зграда или у град,па уште ако имаш и футрола …. е тогаш си манга и ќаруеш и риба.
Факт е дека не моеше секој да има мобилен и тоа си го дозволуваа само матните од тоа време да бидеме реални.Еден телефон со антена голема колку безбол палица идеше у продажба  за 1000 тогаш марки,мала ситнца за некои,а за некои само сон.
Им честитам на нашиот прв мобилен оператор у пригодава за колежот у тоа време,уствари те ограбуваат ама културно без пиштол.Да имаш пејџер више беше да си тапа,имаше нов шериф у градот -НОКИА 33 10 :)))))
Се сеќавам дека толку многу ми се свиѓаше тој мобилен,шо за разлика од другите тогаш беше ремек дело природе.Јас после дооооооолгооооооооо време од пуста желба си го купив тој телефон,абе мераци,не можев да спијам од шо му се радував.Гордо можам да кажам дека уште си го чувам ,не го користам ама планирам :)) Сеа ќе биде финта да искочиш со некој ретро мобилен поред овие новиве чуда ….башка никад не ме изневерил,не ме оставил без батерија,а мислам дека може да фаќа мрежа и на Алпите:)))))
И денес ми се чини дека мобилните кај нас се луксуз,ако не даваа мобилни за 0 денари незнам дали бројката ќе беше вака голема.Операторите начекале и сатар маваат.Првиот оператор го собра медот,најквалитетни се,ама и најскупчии.За вториот неам мислење уопште,а за третиот можам да кажам дека имаат најпристапни понуди до сеа,за секого.И не им праам реклама,само реално мислам дека е така.
Како и да е,потреба е мобилниот. За арно,за лошо тука си е:))
Две работи не можам само да сфатам.Зашо големците шо се на позиции ги исклучуваат мобилните,кога за да дојдат на самите тие позиции се служеле со истите????
Втора работа и многу ментална според мене е тоа шо знам за неколку случаеви кај шо покојни ги закопуваат со мобилните.Е ај добро,а кој ќе им звони бе,а шо е уште полошо кој ќе им дигне од другата страна?????? А шо прајме коа ќе снемаат батерија????? А бе нетачен народ има,нека ми простат покојните,за нив се најдобро.
За телефониве може да се збори до утре,ама сеа мора да прекинам ….ми звони мобилниот:)