Social Sunday – Family Play

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите креативци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на “Просторија” и “Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од прогрмата на Melissa & Doug!

Играчките од програмата Melissa & Doug се безбедни и мошне корисни за наведената возраст за слободно играње, развој на креативност и имагинација и стимулирање самостојност и нагон за откривање.

Во недела на редовното мени во Јавна соба ќе најдете и паста пене со пилешко, зеленчук, сос и пармезан за 4 лица за 600 денари. Нема ништо подобро од вкусен ручен во опуштена атмосфера.

Ве чекаме во недела!
Во Јавна Соба, како дома!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.