„Сонот на вештерката“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

Утре (сабота) на 18 февруари во Домот на АРМ во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи уште еден атрактивен симфониски концерт за деца. Овој пат концертот е насловен „Сонот на вештерката“ и ќе донесе возбудливи мигови за најмладите. Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…

„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.