Промоција на Втор Албум на Монистра

Младата етно група  Монистра од Скопје, годинава, на  9 Април ќе го промовира својот втор Албум.

Афирмацијата која ја направи со многубројните концерти во Републикава и учества на меѓународни фестивали ја вреднува Монистра во една од најуспешните македонски етно групи.

Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен сопствен музички израз каде се води многу внимание да не се  отстапи од изворниот мелос, препознатлив како житие на традицицијата која вековно се негува во Македонија.

Во прилог на направеното, видно е академското музичко образование на шест од седумте членови на Монистра и од тука самодовербата кај нив е значајна.

Сакаме да ја снабдиме македонската сцена со стари изворни песни и ора како би останале незаборавни. Воедно да изразиме благодарност до сите знајни и незнајни народни уметници кои ја пренесувале традицијата  и останала за нас да ја слушаме и негуваме.

Сите членови на групата имаат свој прилог во подготовката на вториот албум, но мора да го истакнеме лидерот на Монистра, Александар Јовевски каде низ албумот се препознава неговиот индивидуален израз , талентот што го открива во сите негови преработки и авторски творби. Тука царува и прекрасниот вокал на Габриела Јанушевска каде рамнодушноста се губи и се препуштате на извонредни гласовни изведби.

Тамбурите на Јован Стрезовски и Филип Николовски  имаат воденичарска енергија која трае низ целиот концерт. За тапаните кои се слушаат од Галичник до Река се задолжени Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски.

Клавијатурите кои ги свири Дарко Ничевски се прилог кон малку модерното, но вниметелно да не се наруши основната изворна мелодија.

Вториот Албум или нивното второ битие е насловен со познатата галичка песна  „ Киниса моме на вода „

За песната се изработува и тв спот кој  ќе биде промовиран  во март месец.

Не прави горди кога никој не може да напише дека имаме сличности со други етно групи или пак во нашата музика има примеси и од други култури од соседните земји.  Автентичноста е нашиот аманет и тоа ќе остане така додадено со апсолутно авторство.

Оваа 2017,  групата Монистра слави свој убав Јубиеј 15 години од постоење и Албумот го чувстуваат  како долгогодишна награда за досега стореното.

Промотивниот концерт ќе го направат во Македонскиот Народен треатар на 9 Април во вечерните часови, секако преполн.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.