ШТО БАРААТ ЖЕНИТЕ?

ВНИМАНИЕ:Ова е малку посериозен текст од предходните

На горенаведеното прашање во текстов ќе се обидам да дадам мои мисли и размисли,односно ќе промрчам околу тематикава која скоро сите не засега.
Генезата за прашањево лежи уште во раните години на нашите симпатии,девојки и на некој сега жени.Сите тие како мали гледале само еден идол од машка страна.А тоа е е нивниот татко.
Секогаш заштитнички настроен кон нив,грижлив и посветен,љубезен и културен,несебичен и дарежлив се само дел од особините кои го прават да биде нивен херој.
Нема да биде чудо ако подоцна во животот бараат нивниот партнер да се однесува со истото внимание кон нив.
ВНИМАНИЕ – тоа е одговорот.Секое девојче го бара тоа.Не е филозофија или кинеска мудрост да се посвети доволно внимание на нашите најблиски.
Мал милион примери постојат шо можат да разубават нечиј ден …..
Ја глеаш девојка ти дека е тажна и не и е денот.Тркни до цвеќара,купи и ја најубавата ружа и дај и ја со посвета.Ќе биде најсреќното девојче на свет.Насмевката нема да и се тргне цел ден.
Не постои девојка шо нема да се осети  возвишено коа ќе добие цвет -нешто толку мало а за неа толку големо.
Крај краева,ако немаш пари за у цвеќара,скини некој каранфил од некој двор (не дека го терам народов на лоповлук) и однеси и го.Битен е гестот,да и украдеш насмевка на таа шо ти значи е доблест,а не маана …..
Ако глеаш дека нешто ја расплакало,најди и се и биди до неа,гушни ја и шепни и дека и коа плаче е најубавата девојка…. Ќе ја насмее тоа,ќе и значи …
Ако ти се јави у вторник навечер коа има лига шампиони фудбал и ти каже дека мора хитно да разговарате,не изигравај мангуп пред другарите и немој да и речеш: -Ај ма не напињај сеа,глеам фудбал и пијам пиво со екипата . Може сакала да ти каже дека 5 дена и касни и не може да спие ради тоа.Со кој би го споделила тоа ако не со тебе.Фудбалот ке пројде,она ќе остане и коа твојот тим ќе изгуби ….
Јави и се некад у 3 саат сабајле пред да иде на испит,и кажи и дека ја мислиш и ти значи.Едноставно докажано,човек боље учи коа знае дека е сакан и посакуван ….
Прати и порука на мобилен коа најмалце очекува.Ја испраќаш до дома,а она веќе у лифт добива порука од тебе која гласи: -Веќе ми фалиш …Порака од 5 денара,а за неа цело богатство.
Изненадија со вечера.Напрај и ги омилените тортелини.Не е никаква филозофија,баш напротив.
Ќе ја изненадиш и следниот ден гордо ќе се пофали на своите другарки колку внимателен дечко има.
Да ја напраиш својата девојка горда на тебе значи дека си успешен.
На некој примериве ќе му бидат смешни и ќе рече дека се папучарски,е таквите завршуваат најлошо …..(или у триаголник или со десанка)
Моментите шо ги набројав се принципи на  фраер шо си ја почитува девојката.
Не си фраер ако уште викаш: – Тепај да те слуша,еби да те сака …
Така викаат сељачаната у некоја вукојебина во која уште владее некој стар режим.
Знам дека со мрчењево за жениве не измислив топла вода,ама не е лошо да се потсетиме на некои прави манири.
Секоја девојка заслужува да го добие своето ВНИМАНИЕ.
На крајот на денот тие ќе бидат наши идни сопруги и горди преносители на генот .

p.s.Ги заборавив да ги спомнам тие тие шо не знаат да го ценат ова шо го набројав.
Уствари нема шо да ги спомињам,нив не ги стаам у текст:)))
p.p.s.Зашо текстов е на два дена пред нова година,мрчалото ви посакува,среќни празници,многу љубов,здравје и среќа.И уживајте у 2012 година зашо не е задња,тоа го предвиделе една багра Маи,уживатели на наркотици:)))

ПОЗДРАВ