Енергетската ефикасност во фокус на саемите

„Многу ми е драго што на овогодинешниот Саем на градежништво е ставен посебен фокус на енергетската ефикасност. Градежниот сектор е од клучно значење за енергетската и ресурсната ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите кои се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стaкленички гасови“, истакна амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, Сибил Сутер Техада на денешното свечено отворање на 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности. Таа додаде дека Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува промоцијата на енергетската ефикасност, посебно во градежниот сектор, и дека со тоа се надева дека активностите за кои се залагаат ќе помогнат во зголемување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност.

За време на свеченото отворање се обрати и директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија кој порача „Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во нашите работни средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов кој треба да обезбеди подобра иднина. Од енергетските показатели може да забележиме дека 40% од енергетските потреби на Република Македонија се за задоволување на потребите на домаќинствата. Тоа на нас ни укажува дека тука има голем потенцијал за намалување на потрошувачката. Поради тие причини сметаме дека енергетската ефикасност е прво гориво за економскиот развој на Република Македонија.“

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.