Среќна Баба Марта 2017 – изложба и базар на ракотворби

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус” Ве кани на меѓународната изложба посветена на традиционалниот украс, мартинките. Овој настан е дел од активностите по повод меѓународна апликација до УНЕСКО за признавање на мартинките како светско културно наследство. Отворањето на изложбата се случи на 24.02.2017 (петок) во 12 часот на првиот кат од ТЦ „Рамстор мол-Центар”. Изложбата во период од 10-20ч. ќе биде отворена до 02.03.2017 год.

На изложбата ќе бидат прикажани оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, модерни амајлии изработени од модното студио ,,Маеста”, археолошка визуелизација на праисториското потекло на мартинките преку археолошки предмети од територијата на Р. Македонија, а сето тоа ќе биде оплеменето со едукативни панели, проекција на документарни филмови, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.