„АВАНТУРИТЕ НА МАЧОРОТ ПЕРКО“ – нова книга за деца од Ели Маказлиева

„Авантурите на мачорот Перко“ од Ели Маказлиева е нова книга со раскази за деца,  која на сосема нов современ начин и преку нов квалитет, го води детето во раскажувањето низ визуелизирање на расказите со фантастични илустрации кои се живи раскажувачи на зборот.

Целата книга е интересна приказна составена од илустрирани раскази кои тематски се надоврзуваат, а настаните хронолошки растат и всушност прават една тематска заокружена целина.  Делото има интересна и современа тематика со мотивациска шареноликост, наполно модерна концепција која расте преку текст -хронолошко раскажување на настани кои содржат факти, но и многу смеа и забава, како и преку раскошни и живи илустрации, впечатливи и  восхитувачки за децата.

Секој расказ го оживува волшебниот свет на детето преку живо и непосредно опишување на настани, со мудри, смешни, но и сериозни и значајни случки кои носат значајни и поучни пораки.

Заедничко во сите раскази е реалистичниот момент со нереалистични елементи кои се претставени  на специфичен и оригинален начин.

Преку инвентивноста, фантазијата, хуморот, забавата и шармот и преку успешната вербализацијата на зборовите за деца, оваа книга веќе преставува квалитетно збогатување на македонската литература за деца. Расказите се дар за секое дете и значаен придонес во најновата литература за деца. Книгата ја илустрираше Игор Јовчевски а препорака и рецензија за истата  проф. д-р Кристина Николовска

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.