Промоција на Македонска поетеса во Београд

Вечерва во 19 ч во библиотеката „Милутин Бојиќ“ во центарот на Белград по втор пат во овој град ќе биде промовирана српскиот препев на поезијата на македонската поетеса Елена Пренџова. Станува збор за српското издание на двојната книга „Политички коректна поезија/Љубољубна“, во препев на поетесата Катарина Фиаменго – „Политички коректна поезија/Љубољубива“. Целата книга, всушност, е двојазично, српско-македонско издание, бидејќи во неа е објавен и македонскиот препев на поетската книга „Симбиози“ на Фиаменго. Овој заеднички проект на двете поетеси од Србија и Македонија се оствари во 2016 год. и истата година имаше по една промоција и во Белград и во Скопје. Настанот е замислен не само како промоција на книгата, туку и како претставување на поетесата гостинка. Модераторка на вечерта ќе биде поетесата Искра Пенева, која твори и на македонски и на српски јазик.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.