Голем концерт на Монистра во МНТ – 9 Април, 2017

Младата етно група Монистра од Скопје, годинава, на 9-ти Април ќе го промовира својот втор албум.

Афирмацијата која ја направи со многубројните концерти во Републикава и учества на меѓународни фестивали ја вреднува Монистра во една од најуспешните македонски етно групи.

Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен сопствен музички израз каде се води многу внимание да не се отстапи од изворниот мелос, препознатлив како житие на традицицијата која вековно се негува во Македонија.

Во прилог на направеното, видно е академското музичко образование на шест од седумте членови на Монистра и од тука самодовербата кај нив е значајна.

„Сакаме да ја снабдиме македонската сцена со стари изворни песни и ора како би останале незаборавени. Воедно, да изразиме благодарност до сите знајни и незнајни народни уметници кои ја пренесувале традицијата и останала за нас да ја слушаме и негуваме“ – изјави членот на групата Александар Јовевски.

Сите членови на групата имаат свој прилог во подготовката на вториот албум, но мора да го истакнеме лидерот на Монистра, Александар Јовевски каде низ албумот се препознава неговиот индивидуален израз, талентот што го открива во сите негови преработки и авторски творби. Тука царува и прекрасниот вокал на Габриела Јанушевска, каде рамнодушноста се губи и се препуштате на извонредни гласовни изведби.

Тамбурите на Јован Стрезоски и Филип Николовски имаат воденичарска енергија која трае низ целиот концерт. За тапаните кои се слушаат од Галичник до Река се задолжени Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски. Клавијатурите кои ги свири Дарко Ничевски се прилог кон малку модерното, но вниметелно да не се наруши основната изворна мелодија.

Вториот aлбум или нивното второ битие е насловен со познатата галичка песна “Киниса моме на вода”.

За песната е изработен видео спот. Истиот е промовиран на националните телевизии и е достапен на YouTube.

„Нè прави горди кога никој не може да напише дека имаме сличности со други етно групи или пак во нашата музика има примеси и од други култури од соседните земји. Автентичноста е нашиот аманет и тоа ќе остане така додадено со апсолутно авторство“ -додаде Габриела Јанушевска, вокалот на бендот.

Оваа 2017 година, групата Монистра слави свој убав jубилеј од 15 години од своето постоење и aлбумот го чувстуваат како долгогодишна награда за стореното.

Промотивниот концерт ќе се одржи во Македонскиот Народен Театар на 9-ти април, со почеток во 20 часот, секако преполн.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.