Рапсодија за театарот од Ален Бадју

Промоција на книгата
„РАПСОДИЈА ЗА ТЕАТАРОТ“
од Ален Бадју


АЛЕН БАДЈУ
Алeн Бадју е филозоф, драматург, професор на престижната École Normale Supérieure во Париз и еден од највлијателните мислители на денешницата. Роден е во 1937 во Рабат, Мароко, од раната младост е политички активен, пред сѐ во антиколонијалната борба во Алжир, а подоцна во текот на 1968 година во својата филозофија го испитува односот помеѓу субјективизмот и онтологијата. Во средиштето на својата филозофија поставува четири вистини што филозофијата ги препознава како универзални и вечни: математиката, уметноста, љубовта и политиката. Во тој контекст, театарот е едно од најважните подрачја на уметноста, кое ја разоткрива комплексната врска помеѓу љубовта и политиката, двете најважни – и единствени – театарски теми според Бадју.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.